Георгиевски со предлог – Без ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на следните избори

ВМРО-Народна, партијата на Љубчо Георгиевски побара од Државната изборна комисија да ги исклучи политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од претстојниот изборен процес, поради кршење на Изборниот законик, односно поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок.

Со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори, велат од ВМРО-НП.

ВМТО-НП била формирана на 4 јули 2004 година во Скопје, од приврзаниците на Љубчо Георгиевски, кој се отцепил од ВМРО ДПМНЕ по неуспешниот обид да го преземе раководството на партијата од Никола Груевски.

При формирањето на ВМРО-НП за вршител на должноста претседател на партијата била избрана Весна Јаневска, додека Љубчо Георгиевски се сметал за неформален водач на партијата. На Првиот конгрес на ВМРО-НП, одржан на 22 април 2007 година, за претседател на партијата бил избран Ѓорѓи Трендафилов.

На парламентарните избори во 2006 година ВМРО-НП настапила самостојно, освојувајќи 6,1% од гласовите и 6 мандати во Македонското собрание. ВМРО-НП не станала дел од владината коалиција, но гласала за владата на Никола Груевски, со цел да го спречи влегувањето на Демократската унија за интеграција во владата.

- Реклама -