„На кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор?“, праша некогашниот премиер Љубчо Георгиевски вчера на гостувањето во емисијата „Што мисли народот“ на штипската телевизија ТВ Стар, сакајќи да долови дека Македонците бегаат од некои прашања чии одговори, според него, се јасни како два и два.
„Одговорот е многу едноставен. Гоце Делчев беше учител и директор во Бугарското училиште во Штип. Тогаш немаше Македонски училишта, имаше Српски, Грчки Бугарски, е зошто Гоце Делчев избрал да биде директор во Бугарското училиште?“, прашува Георгиевски, кој важи за бугарофил, во момент кога Бугарија цврсто инсистира заедничката македонската страна во заедничката комисија со Бугарија да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин.
„И не само Гоце Делчев, туку и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, Пере Тошев… Сите тие беа учители во бугарските училишта во Република Македонија. Ние сами бегаме од некои работи кои се јасни ко два и два…“, притоа констатира Георгиевски.
https://www.facebook.com/seir2017/videos/2794010523973821/