Активистите на „О2 Иницијативата“ во 2018 година беа активен монитор на постапките на локалната и на централната власт поврзани со животната средина, аерозагадувањето, уништувањето на Водно. За тоа што е сработено и дали се квалитетни мерките против загадувањето, „Мета.мк“ зборува со Невена Георгиевска, претставник на „О2 Иницијативата“.
МЕТА: Бевме сведоци дека Владата калкулираше со алармирање на јавноста за надминат праг на аерозагадување со ПМ10 честички и покрај тоа што имаше обврска.
– Не алармираше, бидејќи се смени временската состојба бидејќи беа најавени временски промени, ветер, и кога задува, се спуштија вредностите. Податоците за ветерот исто така стојат кај другите параметри кои се добиваат од мерните станици, но тие не се прикажуваат, а токму ветерот и температурата се исто така фактори кои влијаат на количеството на штетни материи во воздухот .Сакаме тие податоци за последниве две години да ги споредиме со вредностите на аерозагадувањето и да видиме, дали она за што се фалат дека е помало загадување поради превземените мерки е всушност резултат на природни фактори.
МЕТА: Дали ги имаме вистинските мерки против загадување?
– Потребно е да се стави акцент на субвенционирање на еколошки решенија за загревање, а печките на пелети да се овозможат таму каде што нема можност граѓаните да се приклучат на топловодна мрежа или на гас. Вака, откако ќе купат печки или инвертори, тешко дека за две години ќе сакаат да инвестираат во инсталации за гас, не се размислува долгорочно. Исто така, два-три дена бесплатен јавен превоз не можат да донесат никакви резултати ако не се врзани со забрана за користење на возила во централното градско подрачје.
МЕТА: Сè уште не знаеме кој точно загадува. Имаше финска студија поради која власта вели – граѓаните загадуваат. Дали можеби и мерките против загадувањето не се вистинските штом не ги знаеме вистинските причини?
– Финската студија на која се повикуваат е резултат на само една и тоа позадинска мерна станица, лоцирана среде зеленило во Карпош и таа треба да го мери квалитетот на воздухот подалеку од автомобили и индустрија. Тие податоци требало да се споредат со оние од некоја локација на која влијаат и тие фактори и верувам дека било планирано да се направат и други такви студии, но се прекинало и во недостаток на други податоци, се потпираме само на овие.
Во продолжение Георгиевска зборува за индустријата, градежништвото, улогата на општините, пријавите од граѓаните, резултатите од работењето на Шилегов и Макрадули, за најавата за намалување на аерозагадувањето до 50%, но и за одговорност. Прочитајте на МЕТА.мк.