Генот за среќа одредува колку сме весели

среќаКолку некој е среќен би можело да зависи од нашите гени. Истражувачи велат дека го откриле генот кој е одговорен за ослободување на „весели“ хемикалии во мозокот. Генот 5-HTT исто така им помага на нервните клетки да го рециклираат серотонинот, хемикалија во мозокот која е поврзана со расположението и депресијата.

Научнцици од London School of Economics анализирале гени на над 2500 луѓе и откриле дека најсреќни биле оние кои наследиле две „долги“ верзии на генот 5-HTT. Најмалку среќни биле оние кои наследиле две „куси“ верзии на истиот ген. Жан-Емануел Де Нев, кој го извршил истражувањето, изјавил: „Долго време научниците тврдеа дека овој ген би можел да има улога во менталното здравје, но оваа студија е првата која покажува дека тој е клучен во одредувањето на нивото на среќа.“

„Резултатите наведуваат кон силна врска помеѓу среќата и оваа функционална верзија на генот 5-HTT. Ова октритие објаснува зошто некои луѓе се природно посреќни од другите. Очигледно е дека тоа зависи од нашиот индивидуален генетски состав.“ За да го спроведат истражувањето, истражувачите го споредиле генетскиот состав на секој доброволец и им поставиле серија прашања како: „Колку сте задоволни од вашиот живот како целина.“
гениОние кои имале две долги верзии на 5-HTT генот одговориле со најпозитивни резултати – шансите тие да одговорат „многу поизитвно“ биле поголеми за 17 проценти. Околу 26 проценти од оние со куси верзии на 5-HTT генот биле незадоволни од своите животи. [The happiness gene that determines how cheery we are]

- Реклама -