Гејминг во Base42 во организација на Јапан@мк

На 24 август во Base42 во организација на Јапан@мк ќе се организра Гејминг настан, во стилот на јапонската гејмерска култура со еклектично гејмерско доживување во вид на гајминг клуб.

Прв пат кај нас ќе гледаме СПИДРАН во живо и тоа на две тешки souls игри “Dark souls 1” и “Sekiro: Shadows die twice” со спидранериte Тод и Purple Empress.

Креаторите на долгоочекуваната игра Skopje ’83 ќе го раскажат патешествието по кое може животот да те однесе ако си гејм дизајнер со голема страст, раскажувајќи ја својата приказна за креирањето на оваа игра во последните 7 години. Посетителите ќе имаат шанса и да го пробаат демото на играта.

Гејмерите од Гоблин ќе промовираат нови игри за забава кои ќе можe да ги играат присутните на настанот, а оние расположени за гејмање ќе се забавуваат со Нинтендо свич игри. Пасионираните колекционери ќе имаат свое катче за размена на колекционерски производи: постери, маички, играчки, фигури, манга.

Уметницата, гејмерка и пасионирана колекционерка Софија Шахпаска ќе ги презентира нејзините гејм концепт дизајни, колекционерски производи и ќе подготви специјални принтови, стикери, 3д принтани фигури и приврзоци. 

Натпреварот во фудбалче во парови ќе го водат претставници на подмладокот на Japan@mk, а наградата за победниците е на Гоблин – друштвени игри. Линк до пријавата ќе имате на стори и во линктри. Ќе има и квиз за најголемите гејмери: „Погоди ја играта“ со идентификување на локации од различни игри. Овој гејминг ден ќе понуди и освежување со гејмерски коктели подготвени од Шортбас и Платформ 0.10. Ќе има и мини базар со производи од Dolly’s Croshet Shop и Funkogram.

- Реклама -