Во Париз е поставена првата јавна фонтана што нуди газирана вода. Проектот е наменет за промоција на пиењето вода од водовод, со оглед на фактот што Франција е земјата во која, просечно, се пие најмногу флаширана вода – 128 литри по човек, годишно.
Фонтаната се наоѓа во парк во Париз и е директно поврзана со градскиот водовод. Кога ќе посакате газирана вода, механизмот вбризгува јаглерод диоксид во неа, а воедно и ја лади до пријатна температура за пиење. Покрај газирана, постои опција за полнење и обична вода.
Во план е поставување уште вакви фонтани, а крајната цел е да им се покаже на жителите дека водата од водоводите е безбедна за пиење. Доколку се зголеми популарноста, тогаш се проценува оти значително ќе се намали проблемот со отпадната пластика што останува од големата потрошувачка на флашираната вода. [In Paris, public fountain serves up sparkling water]