Лидерот на Алтернатива во синоќешното интервју за Телевизија Алсат вели дека една од точките за кои разговарале со ВМРО-ДПМНЕ е на коалицијата „Вреди“ да ѝ припадне функцијата собраниски спикер. Гаши, како што пренесува Алсат, ниту потврдил ниту демантирал дека ќе биде иден претседател на Собранието
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за кого деновиве се шпекулира дека ќе ја преземе функцијата претседател на Собранието по формирање на новата влада, засега ниту потврдува ниту демантира дека помеѓу коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ како идни коалициони партнери e постигнат таков договор.
Тој во синоќешното интервју за Телевизија Алсат вели дека една од точките за кои разговарале со ВМРО-ДПМНЕ е на коалицијата „Вреди“ да ѝ припадне функцијата собраниски спикер. Гаши, како што пренесува Алсат, ниту потврдил ниту демантирал дека ќе биде иден претседател на Собранието.
„За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако, бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шефот на државата, побаравме претседателот на Собранието да им припадне на Албанците. Договорот сè уште не е конечен, но начелно се договоривме за некои позиции. Правилно е да се почека она што го договоривме со ВМРО-ДПМНЕ да помине на нашите партиски органи и верувам дека во законскиот уставен рок, а тоа е 28 мај, ќе се конституира парламентот. Мислам дека сите ќе имаме јасна претстава кој е заедничкиот предлог на коалицијата за претседател на парламентот“,
изјави Африм Гаши во синоќешното интервју за ТВ Алсат.
Договорот за распределба на првиот ешалон функции, според она што се дознава, предвидува коалициајта „Вреди“ да го добие претседателското место во Собранието, а на таа позиција речиси извесно доаѓа Африм Гаши, лидер на Алтернатива. Неговата партија го добива и новото Министерство за европски прашања.