„Како човек со огромно срце, искрена душа, полна со приказна и музика“, одговара избраникот за наш овогодишен претставник на Евровизија – Васил Гарванлиев, прашан како се чувствува, со оглед на двојното (македонско и бугарско) државјанство.
„Да, јас сум роден во Македонија и, верувајте или не, сум еден од најгордите Македонци. Но факт е дека фамилијата не си ја бираме, роднините не си ги бираме. Мојата баба, мајка на мојот татко, кои веќе не се со нас, е родена во село надвор од Петрич (Бугарија). Не се извинувам за тоа, јас сум горд и на тоа“, вели Васил во разговор со „Дојче веле (ВИДЕО)“.
„Но, јас сум Македонец. Каде и да настапував, пред и зад сцената, дали е Чикаго, Торонто, Париз, сите ме знаат како Македонецот Васил Гарванлиев“, категоричен е пејачот.
Тој вели дека музиката е неговиот искрен пасош.
„Јас сум амбасадор на музика, полн со приказни, корени, и нема никогаш да се извинам за тоа“, додава Васил.