Ганц: Одлуката на МКС е злосторство од историски размери

Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц, денеска ја осуди одлуката на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, да бара налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, означувајќи ја како „злосторство од историски размери“.

-Позицијата на обвинителот да бара налози за апсење е само по себе злосторство од историски размери што генерациите ќе го паметат, рече Ганц, како што пренесуваат израелските медиуми.

Ганц рече дека израелската армија го почитува меѓународното право во својата борба во Газа и дека води „една од поправедните војни во модерната историја по масакрот од терористите на Хамас на 7 октомври“.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Кан рече дека верува оти Нетанјаху, Галант и тројцата лидери на Хамас, Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханије се одговорни за воените злосторства и злосторствата против човештвото во Појасот Газа и Израел.

- Реклама -