Овој јуни, еден решителен пилот успеа да полета со Gamera II, хеликоптерот на човечки погон, и да лебди 50 секунди.
Импресивно, но тој лебдеше на неколку сантиметри од земјата. Во овој нов лет, кој беше многу покус, хеликоптерот постигна нов рекорд достигнувајќи висина од 2,4 метри.
{youtube}g3oUkyMae0c{/youtube}
Крајната цел на овој хеликоптер е да се натпреварува за Sikorsky Prize. Наградата од 250.000 долари постои од 1980 година и е наменета за првите луѓе кои ќе создадат летало на човечки погон кое ќе достигне висина од 3 метри и ќе лебди на таа висина цела минута.
Gamera II сè уште не ги исполнува овие критериуми но се чини дека е се поблиску до остварување на овие цели. 250.000 долари се добра сума, но создавањето на летало на човечки погон кое може да лета е награда само по себе.