Производителот на високо квалитетни часовници, Ulysse Nardin, се здружи со HBO за да произведе еден безвременски сопатник во лимитирана едиција, кој ќе го прави токму спротивното – ќе го покажува времето, додека истовремено Ве навраќа на омилената епизода на Game of Thrones и за момент ќе помислите дека сте дел од Night’s Watch, заколнати да го чувате ѕидот на северот.
Според изработувачите на овој часовник, ова е нешто што секако би било полезно за членовите на Night’s Watch со цел да знаат кога доаѓа самрак.
Инаку, овој часовник е базиран на Black Sea, која што е претходна верзија на хронограф часовник изработен од Ulysse Nardin.
И да не должам многу, погледнете го во продолжение веројатно едно од многуте обиди да се олицетвори ТВ серијата во потрошувачки добра.
Сепак за да го поседувате овој Night’s Watch часовник, веројатно треба да имате еден од змејовите на Targaryen за да го замените за 10.500 долари на колку е проценет овој часовник. Истиот ќе биде изработен во 25 примероци, а за нас обичните смртници останува да си ја гледаме серијата и читаме книгите и да се фалиме кој колку повеќе знае за Game of Thrones.
Текстот е објаврн во соработка со SocialNet.Mk