Иако со години важи за една од најдобрите серии, Game Of Thrones како да беше заборавена кога се доделуваа „Еми“ наградите.
Популарната серија најпосле доби награда за најдобра драма, на синоќешното доделување на телевизиските награди.
Освен за најдобра серија, од тука падна и наградата за најдобар актер во споредна улога, која замина во рацете на Петер Динклагер, кој го толкува харизматичниот Тирион Ланистер.
Од поважните награди, за најдобра комедија наградата ја зема серијата Veep na HBO.
За најдобар актер заслужено доби Џон Хам од Mad Men – серија со која се збогувавме годинава.
Ова е прва „Еми“ награда за Game Of Thrones, која се емитува веќе пет години.
Погледнете ја целата листа на победниците, на овогодинешното доделување.