Галијано се подготвува за неговото враќање на модата сцена, со привремен престој во студиото на Оскар де ла Рента во Њујорк.
Контраверзниот дизајнер, кој беше отпуштен од модната куќа “Dior” во март 2011, откако направи анти-семитски забелешки во едно кафуле во Париз, и предизвика скандал. Тој помина значително време опоравуваќи се од зависностите кои го предизвикаа неговиот испад.
Галијано ќе ги помине следниве три недели со Оскар де ла Рента, во неговото студио, додека тој ќе се подготвува за неговата претстојната ревија на Њујоркшката модна недела.
“Со Џон се знаеме многу години и јас сум голем обожавател на неговиот талент”, вели де ла Рента. “Тој работеше долго и тешко на неговото закрепнување и јас сум среќен што му даваме можност да се врати во светот на модата и реаклиматизира во средината каде што беше толку креативен.”
Од неговото заминување од “Dior”, Галијано единствено ja дизајнираше венчаница Кејт Мос во јули 2011 година. Дизајнерот на широко се смета за еден од најталентираните и креативни имиња во модата. Неговите модни ревии, се познати по својата драмска и театарска убавина.