Ренесансата е период кога упорно се правело тоа што денес би изгледало бизарно – ги претставувале бебињата како мини верзии на возрасни, па и стари мажи. Tumblr профилот ‘Ugly Renaissance Babies’ се фокусира баш на тој момент, собирајќи колекција од веројатно најгрдите бебиња што уметноста некогаш ги видела, притоа на шега истакнувајќи дека многу од сликарите од тоа време веројатно никогаш не виделе бебе.
Па ајде, да се посмееме, што на сликите, што на коментарите.