ГАЛЕРИЈА: Фотографии од еден напуштен српски рудник

Во шкафовите во соблекувалната, слика од Јосип Броз, членски книшки, евиденција за смените, тек-тук по некоја вилушка и лажица кои сведочат дека тука некогаш работеле 2.000 рудари…

Се работи за најголемиот депозит на јаглен во Србија, Алексиначкиот рудник, во близина на Алексинац.

Првите тони јаглен почнале да се ваддат кон крајот на 19-от век, а во 1902 година рудникот е купен од белгиски инженер. Помеѓу двете светски војни, рудникот во Алексинац се смета за највносниот јагленокоп во Србија, а во време на Втората светска војна е преземен од Германците.

Најголемо производство остварил во 1963 година, кога од шесте окна се извадени 444.007 тони јаглен. За потребите на рудникот настанала и населба во која е отворено училиште, библиотека, Дом на култура, кино, амбуланта, пошта…

Се течело како што треба до 17 ноември 1989 година, кога во пожар настанат од небрежност, на 700 метри длабочина, загинале 90 рудари – целата прва смена.

Заедно со рударите, по 106 години постоење, „умрел“ и рудникот. По инцидентот рудникот е затворен, а и бројот на куќите во Алексинац почнува значително да се намалува.

Дел од оставштината е документирана во овие фотографии од фабриката за јаглен, дело на Александра Костиќ, фотографка од Ниш.

   

- Реклама -