Трендови: Галактички принт

Откако цветните мотиви и анималистичките принтови беа најпопуларните модни избори во летната сезона, за поладните денови „ин“ е потемниот галактички принт, кој е меѓу најпопуларните трендови за сезоната есен-зима 2012-2013 година.

 

Иако овие модни парчиња измешани со астрономски мотиви може да се наречат делумно хипстерски, несомнено ќе предизвикаат да бидете уникатни и впечатливи во секојдневниот изглед, поради мистериозната убавина на необичните астрономски слики од разни галаксии и соѕвездија.

Галактичкиот принт е присутен на речиси сите категории облека, од смели фустани, маички и кошули, до чевли, чанти и марами, како и на ноктите.

Бидејќи станува збор за делумно нападен тренд, бидете внимателни како го комбинирате со останатите парчиња облека. Ако ставите марама со астрономски принт, носете еднобојна маичка под неа, а „галактичкиот“ фустан во вечерните пригоди носете го со едноставни црни чевли со високи потпетици.

- Реклама -