Израелскиот министер за одбрана го предупреди Иран дека со секој обид да му нанесе штета на Израел, Техеран може да помине како Газа или Бејрут
Иранските ракети не ја ни допреа способноста на нашите воздушни сили – ниту една ескадрила не е надвор од фунцкија, ниту пак еден авион не е оштетен од нападите пред неколку денови – ова го соопшти израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на новинарско прашање при посетата на воздушната база Неватим во пустината Негев која била цел на иранските ракети.
„Кој и да мисли дека обидот за нанесување штета ќе не одврати од акција, треба да ги погледне нашите постигнувања во Газа и Бејрут“,
кажа Галант.
Британски „Гардијан“ објави дека оваа база била директно погодена од 32 ракети, а Галант кажа дека израелските воени операции не се нарушени и дека Израел е силен и во одбрана и во напад, што ќе го покаже на начин, време и место што ќе го избере.
Иран соопшти дека во ракетниот напад во вторникот биле погодени две воздушни бази на Израел, што било одговор на убиството на лидерот на либанскиот Хезболах Хасан Насала и иранскиот генерал Абас Нилфорушан во нападот на Бејрут на 27 септември.
По ракетниот напад на Израел, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече оти Иран направил голема грешка и дека ќе плати за тоа.