Ме навредуваше, ме пцуеше, ми се закануваше дека ќе ме погреба. Ме удираше, а јас бегав. Забележав дека е пијан, рекол денсерот.
Гаги Џогани, кој во саботата беше претепан, тврди дека виновникот за тоа е Андреј Атијас, сопругот на неговата поранешна жена, Анабела. Фронтменот на групата Фанки Џи за Informer рекол дека Андреј прво му се заканувал по телефон, а потоа дошол пред неговата зграда каде што го претепал.
„Ми се јави и почна да ми се заканува поради некои мои наводни изјави во врска со него и Анабела. Ме навредуваше, ме пцуеше, ми се закануваше дека ќе ме погреба. Девојка ми Милена беше покрај мене. Му реков дека не сум зборувал ништо лошо за него, дека тоа се лаги и дека знае каде живеам и да дојде тоа да го расчистиме во живо“, рекол Гаги.
Како што тврди, Атијас се појавил кај него пред зграда со уште четворица другари.
„Излета од автомобилот, лут и крвнички ме удри со тупаница во глава. Ме удираше по цело тело, а јас бегав. Забележав дека е пијан. Цело време викаше: Ќе те убијам како вол, ќе ти ја е*** девојката“, рекол потресениот музичар, кој не сакал овој инцидент да исплива во јавност.
„Некој повика полиција и тогаш се се смири, а поради ќерките не сакав да кажам кој ме претепал. Кога видов дека луѓето дознале дека сум истепан, решив да кажам кој е виновникот, за да не испадне дека нешто кријам. Верував дека Андреј е господин човек, за него зборував само најдобро, а еве што се случи“, рекол Џогани.