Тоа што се случи на Оскарите, кога за победник беше прогласен La La Land наместо Moonlight, беше нешто што можеше да се случи во некоја лоша комедија, ама не и во реалниот живот. И баш тоа, како и пар други ствари, сметаат некои, е доказ дека сите ние живееме во некаква компјутерска симулација.
Тезата е полусериозна, ама и апла сериозна.
Според филозофот од Универзитетот во Њујорк – Дејвид Чалмерс, тоа е единственото објаснување за сите луди нешта што се случија и се случуваат во последно време во светот. Тој смета дека реалниот свет е симулација, и дека некој се заебава со/во неа.
„Навистина мислам дека сме во некаква пауза во симулацијата. Сé е наопаку, сé оди во неповрат. НБА финалето. Шампионатот во бејзбол. Финалето во американски фудбал. Изборите. Оскарите.“, вели на шега Чалмерс.
I really think we’re in some break in simulation. Things are just going haywire. NBA final. World Series. Election. Super Bowl. Oscars.
— Farhad Manjoo (@fmanjoo) February 27, 2017
The New Yorker ја дообјаснува тезата. Тоа е како видео игра од жанрот симулација, многу слична на Sims или Football Manager – кога ќе ти здосади, почнуваш да се заебаваш наоколу, за да видиш што сé можеш да направиш во играта.
И ако се водиме од ова погоре, прогласувањето на погрешниот победник на Оскарите е очигледно само уште еден пример за тоа.
Сега одиме на сериозниот дел. Веројатно веќе сте ја сретнале теоријава (дека живееме во симулација) и меѓу сериозните кругови, во кои учествуваат и важни физичари и филозофи. Ја застапува дури и Илон Маск, а има и такви што веќе работат на тоа да нé извадат од неа.
The New Yorker го дообјаснува резонирањето зад таквата идеја:
„Бидејќи напредокот и развојот на интелигенцијата се чини како единствената константа кај живите нешта, и бидејќи постои поголема веројатност живите нешта да бидат раштркани по универзумот отколку да не се, тогаш едно од нештата што интелигентните живи нешта несомнено ќе го направат е да создадат симулации на други универзуми, во кои ќе вршат експерименти“.
А ако тоа е вистина, многу поверојатно е ние да сме во фиктивен свет, отколку во реален.
„Бидејќи би постоел само еден ‘реален’ универзум, а безброј (или многу повеќе симулирани), шансите дека живееме во една од симулациите се многу поголеми отколку дека живееме во актуелната реалност“.
Башка, пратете го ракоплескањето на Никол Кидман. Ви личи ли ова на реално?
Или ова?
Очигледно се работи за „glitch“-ови во Матриксот, зашто очигледно Никол Кидман знае и нормално да ракоплеска: