Гадафи го предупредил светот за терористичките напади

Сведоштвата со кои Комитетот располага во овој момент говорат за тоа дека “западните политичари биле помалку проценливи од Гадафи во врска со ризиците од интервенции како за либискиот народ, така и за интересите на Западот”.

Moamer-Gadafi-4-620x350

Убиениот либиски лидер Моамер Гадафи го предупредил пред четири години поранешниот британски премиер Тони Блер за закани од исламски екстремисти во Европа – покажуваат телефонските разговори помеѓу двајцата политичари, кои денес ги објави комитетот за меѓународни работи на британскиот парламент.

Гадафи на 25 февруари 2011 година, кога во Либија веќе избиваат нереди, му објаснува на Блер дека се обидува да ја заштити земјата од Ал Каеда.

„Не ги напаѓаме ние нив, туку тие нас. Сакам вам да ви ја кажам вистината. Оваа ситуација не е многу комплицирана, едноставно е – во Северна Африка се појавија нови ограноци на организацијата Ал Каеда. Ограноците во Либија се слични на оние со кои се соочи Америка на 11 септември“, рекол тогаш Гадафи, пишуваат британските медиуми.

Гадафи навел дека џихадистите набавиле оружје и им влеале на луѓето страв.

Muamar-Gadafi-3

„Луѓето не можат да излезат од дома, но никој не ја претставува реалната слика, овде нема странски дописници. Ги молевме сите светски репортери да дојдат и да ја видат вистината. Тоа се вооружани банди…Со нив нема договор“, кажал Гадафи.

Според неговите зборови, целта на терористите била воспоставување контрола над Средоземјето и потоа напад на Европа.

Блер на тоа одговорил дека е неопходно да се пронајде мирно решение за ситуацијата.

Три недели после разговорот коалицијата на западните земји, во која била и Велика Британија започнала бомбардирање на Либија за соборување на Моамер Гадафи.

London, 28. maja 2012 - Bivši britanski premijer Toni Bler posle svedočenja u Višem sudu u Londonu povodom afere prisluškivanja. Bler je izjavio pred komisijom koja istražuje povezanost medija i vlasti u okviru afere prisluškivanja da je bliska povezanost između političara i medija "neminovna". TANJUG / AP Photo / Lefteris Pitarakis / dmm

Британскиот Телеграф наведува дека Тони Блер два пати го барал телефонски Гадафи обидувајќи се да го наговори да ја напушти Либија.

„Предупредувањата на Гадафи по сè изгледа се обвистинија“, пишува весникот.

„После неговата смрт Либија доживеа потполна катастрофа, а граѓанската војна и понатаму трае. Многу терористи ги контролираат исламистичките екстремитети, поврзани со т.н. Исламска држава. Терористите кои Даеш ги испрати во Франција во ноември извршија напади во Париз“, завршува весникот во својот заклучок.

Претседателот на Комитетот за меѓународни работи Криспин Блант изјави дека овој комитет во рамки на истрагата за настаните во Либија открил предупредување од Гадафи.

- Реклама -