Легендарната ерогена зона, во чие што истражување се впуштаат многу мажи и жени, излегува дека е само мит.
Новите истражувања покажуваат дека всушност Г-точката не постои. Тоа сепак не смее да ве обесхрабри, бидејќи без неа ништо не е изгубено, пишува „Дејли мејл”.
Според италијанските лекари постои „интимна зона” со зголемено сексуално задоволство, што сепак е покомплексна од само едно место. Предметната зона ги вклучува клиторисот и вагината кои според истражувачите се исклучително динамични и чувствителни структури.
Во написот објавен во Nature Reviews Urology, научниците објаснуваат дека она што и носи задоволство на жената, е многу посложено отколку една единствена област и вклучува целосен репродуктивен систем заедно со матката и клиторисот.
Идејата дека воопшто постои Г-точка се појавува во 1950 година. Самото место е именувано по германскиот гинеколог Ернст Графенберг кој сугерира дека постои ваква чувствителна зона.
Во 1976 година во извештај за женската сексуалност се претпоставува дека всушност клиторисот е одговорен за оргазмите кај повеќето жени. Денес, благодарение на модерната технка како ултразвук, може да се види што се случува во различните области на половиот систем за време на сексуална активност.
Според научниците клиторисот и предниот вагинален ѕид се одговорни за задоволството на дамите. Со ова свое откритие професор Џанини се надева дека конечно ќе престанат дискусиите за постоењето на оргазмичната точка.