Доколку се прашувате постои ли навистина фамозната Г-точка, време е да престанете да се грижите за тоа и да го откриете подрачјето CUV.Итгалијанските лекари тврдат дека наместо Г-точка постои т.н. подрачје CUV кое ги доведува жените до оргазам. Тоа ги опфаќа клиторисот, матката и вагината.
Професорот по ендокринологија и сексологија на Универзитетот Тор Вергата во Рим, Емануел А. Жанини, тврди дека целовкупно тоа подрачје е посензуално и повеќе значајно од Г-точката. Според него ова истражување открива дека постои многу почуствителна точка од популарната Г.
Ова истражување наиде на мета на многу експерти, па така Самуел Вуд вели дека Г-точката не може да постои, бидејќи таа не е никаква физичка структура. Меѓутоа, признава дека постои таканаречено подрачје О заслужно за експлозивни оргазми на жената, а се наоѓа во близина на клиторисот и малку надвор од вагината. Вуд инаку ја има создадено O-Shot, инјекција за која вели дека го зголемува либидото и здоволството на жените.