Ѓоковиќ: Уживај додека можеш, за неколку месеци ќе си моја

Јелена е само уште неколку месеци Ристиќ. Уживај додека можеш- рекол Новак Ѓоковиќ на својата долгогодишна љубена за време на гостувањето во една српска емисија.
Најдобриот српски тенисер беше гостин на емисијата на Ивана Ивановиќ за прв пат навестил кога тој и Јелена ќе се појават пред матично.

– За големиот упех на хуманитарната фондација „Новак Ѓоковиќ“ најзаслужна е мојата вереница Јелена Ристиќ, која е со мене во студиото- рекол Новак.

Тенисерот тогаш се пошегувал и пред сите порачал: „Јелена, уживај додека можеш. За неколку месеци го менуваш презимето во Ѓоковиќ.“

Публиката го поздравила тоа со аплауз, а идната сопруга на Новак не можела да ја сокрие насмевката.

Новак и Јелена се верија во септември минатата година. Тенисерот, по осум годишна врска, ја запросил на романтично патување во Франција, а сега за прв пат проговорил за потенцијалниот датум за нивната свадба.

- Реклама -