ФЗО: Пет милијарди денари изнесува долгот на јавните здравствени установи – најголем е на клиниките за онкологија, торакална и ГАК

„Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финасирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што и е одобрена за работа, а дел од долгот е по мое разбирање заради дозволен хаос во финасиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите“, вели Клековски

Долгот на јавните здравствени установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава. Ова денеска го изјави в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, посочувајќи дека долгот настанал од несоодветно финансирање на потребите на соодветни клиники.

„Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и Онкологија, Торакална и васкуларна хирурхија и Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје, како Прилеп и Охрид. Не плаќале редовно сметки кон добавувачи на лекови, а од друга страма медицинските и економски директори си ги зголемувале платите со додадени дежурства“,

вели Клековски.

Според него, болницитее и клиниките успеале од почетокот на годината до јуни да го зголемат долгот од 65 милиони на 81 милиони евра.

Иако во јавноста се тврди дека во буџетот има доволно пари, директорот на ФЗО вели дека тоа не е точно.

„Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финасирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што и е одобрена за работа, а дел од долгот е по мое разбирање заради дозволен хаос во финасиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите“,

рече тој.

Според него, има повеќе примери каде се делеле незаработени плати дали преку зголемување на основните плати или преку дежурства и други форми.

На новинарското прашање од каде ќе најде пари Клиниката за Онкологија до крајот на годината, ако до јуни го потрошила буџетот за 2024 година, Клековски вели дека ФЗО работи на обезбедување на дополнителсни средства.

„Веднаш по објавувањето на нивиот директор на Онколигија почнавме разговори како се случило да нема лекови и кои се приоритетните подрачја за да ги обезбедиме потребните средства за набавка на лекови и за намалување на долгот. Онкологија должи околу 650 милиони денари и 10 милиони евра. Таму не е доволно само да обезбедиме пари за до крајот на годината, туку мора да направиме санација на постојниот долг“,

вели тој.

Клековски смета дека сериозната должничка криза во здравствениот сектор може да направи проблеми во функционирање, но најави дека ќе објават план за санација, оти како што вели не е доволно само покривање на долговите, туку кој ги генерира.

Од неговите досегашни обиколки по болниците увидел сериозни пропусти на непланско и недомаќинско работење. Како пример, ја посочи штипската болница која нема магнетна, колоноскопија и гастроскопија, ама затоа има акцелератор од 2 милини евра, за кој, рече дека 10 години фаќа прашина.

„Има центар за гангрена формално одлучен да биде во Кочани, но не функционира. Моментално четири клиники вклучувајќи ги „8 Септември“, Пластика и Торакална ги згрижуваат овие пациенти кои се високо инфективни и претставуваат ризик“,

вели Клековски.

Во Струмичката болница, според него, новиот дел три години не може да биде пуштен во употреба, затоа што болницата со трафостаницата е поврзана со несоодветен кабел што ЕВН одбива да го прими во употреба и да ја поврзе болницата на енергеската мрежа.

- Реклама -