Гледате во новиот фантастичен нано-материјал измислен да го прави невозможното: да ги скрие нештата од вашиот допир. Доволен е само тенок слој од овој полимер за да скрие се што е под него од вашето чувство за допир.
Според научниците на Карлсруховиот Институт за Технологија, не само што нема да можете да го детектирате (предметот завиткан во овој материјал) со прстот, туку безуспешни ќе бидат и инструментите за мерење фидбек (повратна информација).
Кристаловидниот материјал е структуриран со суб-микрометарска прецизност и се состои од игловидни конуси, чии врвови се споени. Во превод, перфектно се адаптира и ја апсорбира секоја форма што е скриена во него. „Исто е како во бајката Принцезата и зрно грашок. Принцезата го чувствува зрното и покрај прекривката. Но, со користење на нашиот нов материјал, прекривката ќе биде доволна за принцезата да спие мирно“, објаснува член на тимот.
Што значи ова за секојдневниот живот?
Институтот тврди дека материјалот е развиен чисто за експериментални примени, „но може да ја отвори вратата за интересни примени по неколку години од сега“. Како дел од можните апликации на екстремно адаптибилниот материјал се наведуваат многу тенки, лесни, а сепак удобни постелнини што ќе ги скријат нерамнините при кампувањето или килими под кои нема да ги чувствувате каблите во домот.