Фустаните како арт – објекти

Во рамките на Московското меѓународно биенале кое се одржува по осми пат ќе биде прикажана ретроспективната изложба на шпанскиот фотограф Мануел Оутумуро чие дведецениско искуство во модната индустрија е неоспорно.

Изложбата под името Оутумуро LOOKS е организирана од страна на Музејот за дизајн во Барселона (DHUB) и во сeбе вклучува околу 200 дела на познатиот автор.

Инаку Мануел студирал графички дизајн во Escola Massana, Барселона, а потоа работел како креативен директор.

Дел од талентот на овој шпански фотограф ќе биде презентиран со изложбата на фотографии на тема „Фустаните како арт – објекти“ во кои позираат познати актерки, фото -модели, пејачки…

Погледнете дел од творештвото на Мануел!

Прочитајте и:  Урбани трансформации во боја, светлина и динамичност

img_00ab1f1ad20103de3a9f9ce03cde3c2e img_0b02b54ffeebb3a1af8e334ab281c64f img_16ffe2e5a083d968ffbd0c5d788563d3 - Copy img_90dde9cef6a824ac63bf769c6437eecf - Copy img_a16e36a34d940a898e9eace4968c5c28 - Copy img_ba504e28fa5b7f19979b06a607130f83 - Copy img_ee90fc2360c7d212a838eeb303fee99b img_f15b17482bc59a6a98b4ed8e6c5ea419 panelopekruzgucci ralfloren

- Реклама -