Помеѓу семејните собиранки, дружењето со пријателите, и се разбира Новогодишната ноќ, сега е вистинско време да набавите фустанчиња кои ќе можете да ги комбинирате во сите пригоди.
Црни фустани
Мини црните фустанчиња се класика – одговараат во секоја прилика. Но, кога барате некое за празничните денови, обидете се да најдете фустан од уникатен материјал или, пак, со забележителни детали. Кадифето и свилата се одличен избор, асоцираат на луксуз и раскош, особено во комбинација со видливи крагњи.
Сите модни додатоци можат да се комбинираат со црните фустани. Облечете пар чизми до глужд, и кожна јакна за да додадете драматичност на комбинацијата.
Празнични фустани со светликави нитни
Празничниот период е совршено време за нежни, лелеави фустани со светликави нитни! Идеални се оние во разни бои и модели, но ако не сте подготвени за нив, има слични поедноставни материјали со кои ќе го добиете речиси истиот ефект. Бидејќи овие фустани сами по себе се светкави, не претерувајте со модните додатоци. Можеби само обетки или лента на косата, тоа е идеална комбинација за совршен изглед.
Фустани со храбри, живи тонови
Храбра боја на фустан е секогаш едноставен, но сепак особено впечатлив избор за зимската сезона. Нијански на зелена и црвена се секогаш популарни ова време од годината, но ако сакате да бидете различни, сината и виолетовата се исто така прекрасни, зимски бои.
Ако имате минималистички пристап кон модата, комбинацијата на фустан во впечатлива боја со неутрални чевли и модни додатоци ќе направи да изгледате шик, но доколку вметнете колан или чанта во исто така храбра боја, ќе го направите вистинскиот избор.