Фустан кој може да се носи дури на 50 начини!

Пронаоѓањето на совршениот фустан кој можете да го носите на различни настани, како дочекот за Нова Година, романтичен состанок, па дури и на работа- не е лесна работа.

Haljina koja se može nositi na čak 50 načina!

Баш тоа била мисијата на дизајнерката Надја Тар, која го искреирала фустанот кој можете да го ностите дури на 50 различни начини.

Американската дизајнерка Надја Тар тврди дека нејзиниот фустан “Butter by Nadia” e идеално решение за секоја модна криза.

Фустанот доаѓа во различни големини и бои, а благодарејќи на траките можете едноставно да го трансформирате. Траките можат да се врзат на различни начини околу половината или вратот и да добиете различни стилови на фустани.

Фустанот е направен од материјалот рајон (вид на свила) и спандекс, заради кој фустанот го задржува обликот, квалитетот и удобноста.

Foto: shopbutterbynadia.com

Заради растегливиот материјал, доаѓа во една универзална големина.

Надја Тар е поранешна танчерка и кореофрафка, а нејзините претходни модели на фустани ги носеле Сара Џесика Паркер и Наоми Ватс.

На сликата се прикажани 12 најпопуларни стилови за носење на овој фустан, а на видеото подолу можете да ги видите останатите начини.

- Реклама -