Функцијата, која дава можност за вградувате на постови веќе е достапна за сите корисници на Facebook. Оваа опција беше објавена во јули оваа година, но до вчера можеше да биде користена само од партнерите на компанијата.
Можноста за вградување на постовите од социјалната мрежа им овозможува на корисниците да ја “вградуваат” содржината во своите лични блогови или сајтови. За да биде копиран кодот, потребно е да кликнете на стрелката во горниот десен агол на објавената содржина, а потоа на Embed Post.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk