Фридирих Ниче: За новото лажно божество

Некаде на светот има уште народ и стадо, не не кај нас, драги браќа: кај нас има држава. Држава? Што е тоа? Еве! Отворете ги ушите, бидејќи сега ќе ви раскажам за смртта на народот. Држава се нарекува најстуденото од сите студени чудовишта. Студено е и лаже; а еве оваа лага грми од неговата уста: „Јас сум држава, јас сум народот“.
cf0c9728d8bedab6603748ee4cc837b5_MТоа е лага! Креаторите создадоа народи и распнаа над нив една вера и една љубов: така го послужија животот. Наместија стапици за многу, а ги нарекоа држава. Тие развиорија над нив меч и стотина алчни желби. Каде што уште има народ, тука нема разбирање за држава и таа е омразена, како погледот од уроци и како грев кон обичните и праведните.

Ви го давам овој знак за распознавање: секој народ говори на својот јазик – и добро и зло, а него го разбира соседот. Својот јазик го пронашол во обичаите и правилата, а државата лаже на сите јазици на доброто и злото. Што и да говори – лаже, што и да има – го украла. Се е лажно на неа, лажна и е дури и утробата. Хаос од јазикот на доброто и злото: тој знак на распознавање ви го давам како знак на држава.

Навистина ви велам, од тој знак понатаму ќе ја исчитате желбата за смртта. Навистина ви велам, тој е создаден за проповедниците на смртта. Се рагаѓаат многу-премногу: за излишните е измислена држава.

Погледнете само како ги мами крај себе, тие многу-премногу! Како ги голта и џвака и преџвакува. „На земјата нема ништо поголемо од мене: јас сум прстот божји кој создава ред“. И не само глувите и кратковидите паѓаат на колена пред неа! И во вас, големи души, ги мумла таа своите мрачни лаги! Таа влијае таму каде има срца во изобилство, кои лесно се расипуваат.

Се изморивте во борба и сега вашиот замор му служи и на новиот лажен Бог! Хероите и чесните сака да ги нареди околу себе, новиот лажен бог! Со задоволство се сонча под сонцето на чиста совест – студен и нем! Се ќе би даде, ако и вие го обожавате, новиот лажен Бог! Го купува за себе блесокот на вашите доблести, и погледот на вашите горделиви очи.

Да, тој е играчка и создавач на пеколот, тројански коњ на смртта од кој блеска накит на божествена чест!

Јас го нарекувам држава местото каде сите се опиваат со отровот на доброто и злото: држава каде заморот се нарекува – жртва. Погледни ги само тие излишници! Ги крадат за себе делата на создавачот и богатството на мудрецот.

Погледни ги само тие излишници! Се голтаат еден со друг, а не се во состојба ни да се сварат.

Погледни ги само тие излишници! Стекнуваат богатство, а толку се сиромашни. Бараат сила, а пред сè рачката на силата, многу пари – тие немоќници!…

Онаму каде државата престанува, дури тука почнува човекот кој не е излишен: тука започнува потребното, песната испеана еднаш и останува незаменлива. Онаму каде завршува државата, ете погледнете само, драги браќа! Зарем не ги гледате оние мостови натчовекови?

Фридрих Ниче

Извадок од делото „Така говореше Заратустра“

- Реклама -