Францускиот експеримент со бурката

burka_handy_ap[1]

Пет години по воведувањето на забраната за носење бурка на јавни места – потег на конзервативното управување на Никола Саркози, Франција не може да се пофали со голем напредок. Аналитичарите истакнуваат дека рестриктивните мерки само ги влошиле работите, а бурката стана линија на разделба помеѓу Французите и стана симбол за провокација кон државата.

Еден од последните примери беше телевизиско интервју со жена облечена во никаб (облека која остава процеп само за очите), емитувано во екот на медиумското покривање на полициската акција од 19 ноември минатата година, по нападите во Париз. Жената раскажуваше како се забарикадирале од страв заедно со своето дете, ама на социјалните мрежи повеќе беа заинтересирани дека таа смее да се прикажува во вакво светло – со бурка, цо националниот етер, и дека тоа е противзаконско.

Социологот и режисерка – Агнес де Фео, ја класифицира забраната како “тотален неуспех”, бидејќи од една страна таа ја зголеми исламофобијата, а од друга ја зајакна омразата на муслиманските екстремисти кон француската држава. „Ние создадовме чудовиште. Тоа беше порака дека исламот не е добредојден тука“, вели таа. Де Фео коментира дека една од причините француските државјани од арапско потекло да заминуваат за Сирија и таму да се борат на страната на џихадистите – е токму забраната на бурката. Овие мажи се вистинската закана за француското општество, а не жените со покриени лица кои пред пет години беа само неколку илјади.

А во мај минатата година, Министерството за внатрешни работи во Париз преброи 137 французинки кои војуваат на Блискиот Исток, меѓу нив и околу 45 тинејџерки.

Бурката сега веќе се прифаќа како симбол на храброста и се носи повеќе за инает на утврдените правила, а не толку заради некакви строги религиозни причини. Бурката во Франција стана исламската варијанта на искинатите фармерки и панкерските фризури, форма на младешки бунт – дополнува Агнес де Фео. „Тоа е нивниот радикален начин на самоизразување на протест против тоа што не се вклопуваат во француското општество“, истакнува таа. Во 2014-та, над 140 девојки се исклучени од училиште поради екстремно религиозно облека.

Аргументите на Саркози беа дека бурката спречува идентификација на лицата, бидејќи целосно го покрива, што е ризик за безбедноста. Забраната важи за секој кој го сокрива лицето – вклучувајќи луѓе со шлемови, маски и марами, а според бранителите на одлуката, со истата се промовираат и правата на жените и таа овозможува нивна целосна вклученост во општествениот живот. Според критичарите, пак, таа е само популистички потег од страна на поранешната влада кој сегашните не сакаат да го ревидираат, и покрај одлуката на Европскиот суд за човекови права, кој ја прогласи за легитимна.

Оливер Рој – експерт по политички ислам, истакнува дека бурката никогаш не била популарна во Франција, иако во земјата живеат околу 5 милиони муслимани. Според него, оваа конзервативна облека беше исклучок, а не правило – активно ја носеа само околу 2.000 жени во 2010-та година, кога почнаа јавните дебати.

„Исламофобијата многу добро работи во Франција – и за левицата, и за десницата“, коментира Де Фео, која го истражува проблемот повеќе од десетина година. Според неа, во почетокот Французите мислеле дека муслиманските жени ги покриваат лицата бидејќи се малтретираните од своите сопрузи – нешто што истражувањата не го утврдиле. Таа тврди дека денес една муслиманка во Франција е многу поранлива од малтретирање и напади на улица, бидејќи генералниот став е дека таа го крши законот со начинот на облекување. Властите јавуваат за случаи во кои жени насилно се принудувани целосно да ги откријат главите, како и за повлекување на шамии од нивните глави. Некои жени се жалат дека престанале да излегуваат, особено за банкарски и административни потреви. Така тие им ги предаваат сите овластувања на своите сопрузи, со што всушност станауваат зависни од нив.

Од друга страна…

Казната е 150 евра, што не е страшна сума. Во полициските статистики има и сериски прекршителки на забраната.

Бизнисменот и политички активист од алжирски потекло – Рашид Неказ, почна да ги плаќа казните на жените со бурка и никаб. За пет години тој има потрошено околу 235 000 евра, како во Франција – така и во соседна Белгија, која ја воведе истата забрана. Неказ – интернет-претприемач, дипломец на Сорбона, како и неуспешен кандидат за претседател – за таа цел дури создаде и фондација со буџет од 2 милиони евра.

„Овие жени се викаат Марија, Емили, Хенриета, овие жени се Французинки, тие се мирни и не претставуваат закана за националната безбедност или слобода”, коментираше порано Неказ. Патем, иако ги плаќа казните на жените што ја прекршуваат забраната, Тој тврди дека не ги плаќа казните на тие кои влегуваат во конфронтација со полицијата.

И така, 5 години подоцна, проблемот не е решен, туку спротивното. Француското искуство повлече нога – по Белгија, Холандија и Швајцарија тргнаа по истиот пат, а ги следи дури и Латвија, каде според статистичките податоци, само три жени на секои 1000 муслиманки носат бурка. Во Шпанија, Италија и Германија забраната важи на локално ниво, во одделни региони, и обично е активна само при посета на институции и јавни згради, а не за отворените простори и улиците.

- Реклама -