Францускиот уметник Dran ја користи својата улична уметност за да коментира по современите општествени прашања кои сите нé засегаат. Го викаат „Францускиот Бенкси“, бидејќи пристапот му е сличен со оној на англискиот графити-суперстар, и по тонот, и по пораките што ги носи. Оттаму, Dran го користи црниот хумор за да ја критикува модерната култура, често бавејќи се со теми како уметноста, креативноста и слободата на изразување, но тоа не значи дека нема да чепне во растечкиот број на распаднати бракови, неможноста на љубовните парови да остварат подлабока поврзаност, деструкцијата на околината и природата, консумеризмот и отпадот. Забава, ама со тешка порака. Dran е дефинитивно уличен уметник на кој треба да му се посвети внимание.