
Непријатна ситуација за францускиот претседател Емануел Макрон. За време на неговата посета на француската воена база во Чад, откако одржа повеќе од 20-минутен говор, следуваше интонирање на химната. Само што беа изговорени последните зборови од Марсељезата, на еден од војниците му се слоши и се онесвести.
Макрон сосема збунет посегна кон војникот, но не беше многу од корист. Дел од Французите коментираат дека неспособноста е вообичаена за него. Други велат дека тој и онака е претседател околу кој сé се руши.
Настрана политичките поени, баш и не може да му се замери на Макрон. Сме виделе претседатели и премиери да направат и многу помалку од тоа што тој се обиде:
![5c21087cdda4c84a658b4606[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2018/12/5c21087cdda4c84a658b46061-640x360.jpg)



