Француската мода во 50-тите години – вонвременско совршенство

Периодот по Втората светска војна бележи огромен процут за француските модни куќи кои ги одредуваат трендовите за целиот свет. За време на војната сите активисти во модната индустрија ја запираат работа, па во годините по војната ја  возобновуваат креативната активност. Во тоа време ниту Милано, ниту Лондон, ниту Њујорк имаат такво влијание врз модата, какво што има Париз – апсолутната престолнина на луксузот и убавината.

Во 1947 година култната колекција на Кристијан Диор презивиква скандал со материјалите за здолништа, за кои била потрошена  премногу ткаенина – откако по штедливите воени години тоа изгледало истовремено неприфатливо, но и фасцинантно. Ив Сен Лоран и Баленциага исто создаваат облека која веднаш станува се повеќе популарна и го зацврстува реномето на Париз како модна престолнина.

Парискиот музеј на модата Palais Galliera ја претстави изложбата Les années 50: La mode en France, 1947-1957, посветена на златните моменти од историјата на модата во Франција. Изложбата претставува облека на некои од најголемите дизајнери на сите времиња како Schiaparelli, Balenciaga, Balmain, Givenchy, Chanel и Christian Dior, но исто така и на веќе заборавените, но не помалку талентирани уметници како Carven, Robert Piguet, Paquin и Jean Dessès. Изложбата ќе трае до 2-ри ноември. Се работи за спомен од време, во кое немало fast fashion и секоја облека била апсолутно посебна.

15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

 

- Реклама -