Франција нареди сите нови покриви да бидат покриени со зеленило

Новиот закон неодамна донесен во Франција, наложува сите нови згради во комерцијалните зони во земјата да бидат барем делумно покриени или со зеленило.

Зелените покриви (како што ги нарекуваат покривите со зеленило, нели) меѓу другото имаат и ефект на изолатор, што помага да се намали количината на енергија потребна за да се загрее зградата во зима, или да се олади во лето. Исто така, имаат способност и да ја задржуваат водата, што ги намалува проблемите со справувањето со големи количини вода (замислете цел кварт со зелени покриви и колку вода би задржале при дождовна бура; со што директно се намалува стресот врз одводните и канализациските системи во најкритичниот период). Истовремено, зелените покриви претставуваат и дом за птиците среде урбаната џунгла.

За волја на вистината, еколошките активисти сакаа законот да наложува покривите да бидат покриени со зеленило преку целата површина. Сепак, и ова не е лош пазар – делумно зелените покриви се супер почеток и голем чекор во вистинска насока. Други велат дека ова е дури и подобро решение; им дава на бизнис сопствениците можност да инсталираат солани панели на непокриениот дел, со што би ги обезбедиле новите згради со обновлива енергија, уште повеќе намалувајќи го футпринтот т.е. товарот врз животната средина.

Иако сé уште се сметаат за револуционерна промена, зелените покриви веќе се многу популарни во Германија и Австралија, како и во канадскиот Торонто. Во Торонто законот е донесен уште во 2009-та, и наложува зелени покриви на сите нови индустриски и станбени згради.

[spoiler title=’Бенефитите на зелените покриви’ style=’red’ collapse_link=’true’]

Како за почеток, овозможуваат природна убавина и се големо естетско подобрување. Тоа пак ги зголемува можностите за инвестиции, во смисла дека зелените квартови се попожелни и посакувана локација за градење за инвеститорите.

Освен што ја задржуваат атмосферската вода и ги растеретуваат одводните системи, дел од водата враќаат и назад во атмосферата, преку испарување. Таа, пак, што истекува, ја филтрираат.

Зеленилото на покривите, секако, е и суперефикасно во заробување на загадувачките агенти во воздухот, а исто така филтрираат и отровни, штетни или непријатни гасови.

Создаваат нов простор за градини или рекреативни активности; простор кој генерално е редок во густо населените градови.

[/spoiler]

- Реклама -