Франција мобилизира 10.000 полицајци за мечот против Мароко

Жералд Дарманан, министерот за внатрешни работи на Франција, најави распоредување на 10.000 полицајци низ цела Франција, од кои 5.000 во Париз, за полуфиналниот меч на Светското фудбалско првенство меѓу Франција-Мароко, кој се игра утре, јави дописникот на МИА.

„Ќе бидат мобилизирани 10.000 полицајци и жандарми. 5000 во регионот на Париз, а особено околу Шанзелизе и 5000 надвор од парискиот регион“, изјави министерот за внатрешни работи пред Националното собрание, прецизирајќи дека Елисејските полиња нема да бидат затворени за сообраќај, и покрај барањето на градоначалник на арондисманот каде што се наоѓа авенијата Шанзелизе.

Од друга страна, додаде министерот, „од 18:30 часот несомнено ќе бидат затворени голем дел од портите на обиколницата“, како и неколку станици на метрото и на РЕР. Ова, продолжи Жералд Дарманан, „треба овие често семејни демонстрации на радост, да се стават во контекст на терористичка закана“.

Пред состанокот, дознаваат француските медиуми од полициски извор, префектите, исто така, биле замолени да организираат операции за посета на заедничките области (визби, покриви на згради, простории за ѓубре во кои најверојатно ќе бидат сокриени ракети за огномет, петарди или опасни предмети), особено во областите каде имаше инциденти минатата сабота. Префектите ќе мора да продолжат „со отстранување на канти за ѓубре, градежни бариери или кој било друг материјал што може да се користи како оружје по дестинација, во периметрите што се идентификувани како веројатно да примат голема толпа на крајот од натпреварот“.

Прочитајте и:  Медиуми: Макрон предизвика „политички земјотрес“ со одлуката да распише предвремени избори во Франција по поразот на гласањето за ЕП

Полициски извор додаде дека од префектите, исто така, било побарано „да го ограничат, во зависност од локалните услови, паркирањето и сообраќајот во областите со голема турканици за да го ограничат ризикот од несреќа или напад“.

За потсетување, инцидентите во саботата, по победите на Франција и Мароко, резултираа со 170 апсења во Франција, од кои 100 во Париз. Од овие 100, 80 беа приведени поради предизвикување немири, меѓу кои 23 малолетници. Околу 20.000 луѓе се собраа во вечерните часови на Шанзелизе, соопшти полицијата во Париз. При судирите со демонстрантите полесно беа повредени 19 полицајци.

Немири имаше и на 6 декември, кога Мароко ја победи Шпанија.

Извор: МИА

- Реклама -