Утре во 21 часот во Црква „Св. Софија“ во Охрид, во склоп на Охридско Лето, ќе се одржи рецитал на пијанистката Софија Вајан.
Софија Вајан е пијанистка со долга и успешна кариера. Откако, по едногласна одлука на жири-комисијата, се стекнува со диплома на Националниот музички конзерваториум, таа редовно настапува низ целиот свет, подеднакво со рецитали, како и со дела за камерна музика. Нејзината страст за камерна музика ја споделува со заеднички настапи со признати уметници, без притоа да ја занемари и соло кариерата.