Фракциите на мексиканскиот картел Синалоа се во војна: За еден месец 192 загинати и 226 исчезнати лица

Во Мексико беснее безмилосна војна внатре во најнасилниот картел во земјата. По апсењето на 25 јули на озлогласениот наркобос и коосновач на картелот Синалоа, Исмаел (Ел Мајо) Замбада, дојде до насилна промена во динамиката на моќта на картелот основан од Замбада и Хоакин (Ел Чапо) Гузман, кој служи доживотен затвор во американски затвор

Најмалку 192 лица се убиени во бранот насилства што започна минатиот месец меѓу наркобандите во северозападната мексиканска држава Синалоа, соопшти Советот за јавна безбедност на државата, пренесува Анадолија.

Советот соопшти дека од 9 септември досега се пријавени речиси 200 убиства и 226 исчезнувања. Околу 200 семејства избегаа од насилството, 180 бизниси се затворени и 2 000 работни места се изгубени поради вооружениот конфликт меѓу водечките фракции на картелот Синалоа.

Фото: EPA-EFE/Isaac Esquivel

Во Мексико беснее безмилосна војна внатре во најнасилниот картел во земјата. По апсењето на 25 јули на озлогласениот наркобос и коосновач на картелот Синалоа, Исмаел (Ел Мајо) Замбада, дојде до насилна промена во динамиката на моќта на картелот основан од Замбада и Хоакин (Ел Чапо) Гузман, кој служи доживотен затвор во американски затвор.

Војната меѓу фракциите на картелот Синалоа се прошири и во другите северни погранични држави во Мексико, каде што групите предводени од синовите на Ел Чапои синот на Ел Мајо претходно ја делеле работата за шверц на синтетичка дрога во САД.

Борбата меѓу двете групи донесе хаос во бизнисот со трговија со дрога во земјата и шири паника меѓу населението, кое стравува од нови конфликти.

- Реклама -