Не постои човек кој го нема гледано познатиот класик на Дизни од 1961 година, „101 Далматинец“. Пар од Илиноис за нивната свршувачка, се реши да направи фотосесија во знакот на овој цртан филм.
Станува збор за Тони Колиер и Корин Џонс, кои се запознаваат во 2009 година во Илиноис и по дипломирањето, двајцата се вработуваат во “Walt Disney World”.
Инаку Корин е еден од најголемите фанови на 101 Далматинец на светот, па токму затоа ја замолува фотографката Мелиса Бигерстаф да им помогне околу фотосесијата.
Тони и Корин ги играат улогите на Роџер и Анита, додека нивните Муки и Изабела се во улога на Понго и Пердита.