Фоторепортажа: Струга

СтругаДоколку немате можност да заминете на одмор некаде надвор од Македонија, ви ја препорачуваме Струга за одмор или викенд во кој ќе избегате од горештините. Во ова туристичко место има доста топол прием на гостите, одлични плажи, интересни места за релаксација и места за забава.

Доколку немате можност да заминете на одмор некаде надвор од Македонија, ви ја препорачуваме Струга за одмор или викенд во кој ќе избегате од горештините. Во ова туристичко место има доста топол прием на гостите, одлични плажи, интересни места за релаксација и места за забава.

Струга

Оваа приказна започнува со кусата посета на пештерската црква св. Екатерина која се наоѓа над св. Еразмо, веднаш спроти кампот „Андон Дуков“.

Струга

Доколку планирате да го посетите ова интересено место, подобро тоа да го сторите наутро или преку ден, кога се присутни служителите во црквите, зашто во спротивно ќе можете само да сликате преку решетките и да ја погледнете восхитувачката глетка над езерото.

Струга

При качувањето кон пештерската црква, препорачано е да тргнете по подолгиот пат, т.е. преку дворот на црквата св. Еразмо. Можеби мислите дека времето е скапо, но повеќе време ќе ви одземе туширањето доколку тргнете по покусите скали, со оглед на тоа што ќе добиете чувство како да сте поминале низ мочуриште или прашума.

Струга

Последното нешто што треба да го знаете пред да се вратите во Струга е дека тарифите на охридските таксисти се менуваат според расположението (или според времето од денот), а таксиметарот е апстракт. Па така, вообичаената тарифа од Струга до Охрид (и обратно) е 200 денари. Но, по 22 часот, истата оди на 400 денари, а објаснувањето од таксистите е дека тогаш имало помалку луѓе?!

Струга

И оваа година, плажите во Струга се добро уредени и полни, во најголем дел од времето (и покрај известувањата од некои медиуми). Доколку не сакате гужви, можете да тргнете во насока на Еврохотелот и да си одберете некоја од плажите на кои има едвај по неколкумина.

Струга

Изненадувачки, цените во Струга се доста разумни како за туристичко место. Храната и пијалаците се во просек 20% пониски од оние во Скопје, на пример.

Струга

Оваа година во градот има многу повеќе кафулиња во кои можете да седнете и да се напиете нешто. Голем дел од нив се покрај реката Дрим и на некои од плажите, како и на градското пливалиште. А што има подобро од утринското кафе да го испиете крај вода?

Струга

Добрата работа во овој град е што доколку не сакате да одите на плажа или на кафе, можете едноставно да тргнете во прошетка. Целиот град можете да го свртите за еден час, со многу убави места кои можат да се видат попатно.

Струга

Најпознатото место во Струга и натаму останува местото каде што Дрим истекува од Охридското Езеро.
Струга

Чаршијата е полна како и секогаш.
Струга

Кафе покрај водата
Струга

И ланската безбедност…
Струга

…е подигната на повисоко ниво.
Струга

Сепак, слоганите не им се посилна страна.
Струга

А преводите на англиски и натаму се генијални!
Струга

Па, ако сакате да си поминете релаксирани неколку дена, а притоа да ви остане некој денар кога ќе се вратите дома, ви ја препорачуваме Струга за вашиот одмор или викенд.

- Реклама -