Фоторепортажа: Берово

БеровоБерово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово е богато со букови, борови и дабови шуми кои што го одредиле и името „Малеш – планина“.

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово е богато со букови, борови и дабови шуми кои што го одредиле и името „Малеш – планина“.

Берово

Денес за вас имаме една гостинска фоторепортажа, од Горан Маневски, основач на групата „Мојата чудесна земја Македонија“ на Facebook, посветена на документирање на убавините на нашата земја. Тој го посетил Берово по повод празнувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица, при што направил и фоторепортажа која реши да ја сподели со нас:

Берово

Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината. За тоа како Берово го добило своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа потекнува од името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот помеѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала нему. Според втората верзија која е поверојатна, името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место.

Берово
Берово
Берово
Берово
Берово

Манастирот „Св. Архангел“ кој се наоѓа во Берово е единствениот манастир кај нас во кој непрекинато се одвива монашки живот веќе 153 години, токму онолку колку што се стари и конаците. Манастирот е женски, а монаштвото го започнала сестра Евгенија во 1848 година. Постои интересна приказна која се раскажува околу градењето на манастирот. Бидејќи во Берово немало христијански храм населението решило да изгради еден, но за тоа било потребно дозвола од турскиот валија. Турскиот валија им поставило 3 невозможни услови, црквата да се изгради за 40 дена, да биде под земја, да не се гледа крстот и една од ќерките на свештеникот да му ја дадат за неговиот харем.

Берово

Беровци ги прифатиле условите и ја изградиле цркавата. На четириесетиот ден валијата дошол по најмалата ќерка на свештеникот и ја земал, но кога караванот стигнал до Дојранското Езеро девојката побегнала и се сокрила кај некој овчар при што се криела 90 дена, додека не се расчуло дека некој го убил валијата. Потоа се вратила во манастирот и станала првата монахиња во Св. Архангел и основач на сестринството.

Берово
Берово

На ова место имало црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во манастир. Во 2002 година, од Водочкиот манастир со благослов на владиката Наум тука се доселило тричлено братство.

Берово

Така за првпат во Берово беа ставени почетоците на машкото монаштво. Самиот локалитет има посебно значење за беровчани, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресвета Богородица. Успение на Пресвета Богородица е голем христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.

Берово

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август (или 15 август по стариот календар).

Берово
Берово
Берово
Берово

Беровско Езеро се наоѓа на 7 км оддалеченост од Берово. Поради високата надморска висина, околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С. Поради поволната местоположба, чистата и недопрена природа, покрај езерото се изградени голем број туристички капацитети.

Берово

Во атрактивните излетнички места Албаница и Суви Лаки може да се ноќева само во приватните вили и викендички. Езерото во последно време преку проекти масовно го посетуваат организарани странски туристи.

БеровоБерово

Во пресрет на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, општина Берово по втор пат организираше Етно Фестивал, кој оваа година траеше три дена – од 26 до 28 август. Целта на овој настан е промоцијата на Берово како атрактивна дестинација за развој на алтернативниот туризам.

Берово
- Реклама -