Фоторепортажа: Куманово

КокиноКуманово е град во северо-источниот дел на Македонија и е втор град по бројот на жители зад Скопје. Прошетката низ нашата убава земја овојпат ја продолжуваме по околината на Куманово.


Фоторепортажа: КумановоНа обострано задоволство, ја продолжуваме соработката со Скопско туристичко лето, проектот на Балканија. По патешествијата во Демир Капија и Битола, овојпат заминавме кон Куманово. Прво место што го посетивме беше селото Старо Нагоричане. 
Фоторепортажа: КумановоМанастирот Св. Ѓорѓија е изграден во 13 век и претставува извонредно културно наследство. Но, од принцип, одбравме да не влеземе и да ги фотографираме фреските стари речиси 700 години, затоа што чуварот на местото нѐ информираше дека фотографирањето е забрането, зашто очигледно, фреските се уништувале кога ќе ги погледнете низ објектив. Фактот што постојат детални фотографии од секоја фреска на македонски блогови е доказ за принципиелноста на МПЦ. Но, тоа е приказна за некоја друга прилика.
Фоторепортажа: КумановоМалку потаму од манастирот се наоѓа испосничката пештера во која Прохор Пчински минал цели 30 години од својот живот. Денес, таа е доградена и убаво затворена, иако местото има повеќе симболичко и духовно, отколку естетско значење.
Фоторепортажа: КумановоВнатрешноста постојано е исполнета со дарови за светецот, од кого болните доаѓаат да побараат помош и оставаат предмети со кои се надеваат дека ќе ја добијат неговата наклонетост.
Фоторепортажа: Куманово

Исто така, за ова село е карактеристично што таму млекото знае да биде „сурово“.

Фоторепортажа: Куманово

За среќа, секогаш постои некој неочекуван гостин кој ќе ве спаси од суровоста на млекото.

Фоторепортажа: КумановоСледна дестинација на дневниот ред ни беше мегалитската опсерваторија Кокино, стара речиси 4 илјади години. До сега, веројатно сте чуле сѐ што е важно од историски аспект за Кокино, за маркерите со кои се следеле сите поважни астрономски феномени, за обредните функции на локалитетот, итн. Но, дури и да не се работеше за четвртата најважна праисториска опсерваторија во светот според НАСА, Кокино (локалитетот на врвот Татиќев камен), со своите 1013 метри надморска височина е едноставно прекрасно место кое ќе ви создаде едно уникатно чувство на смиреност.
КокиноКокиноКокиноКокиноКокиноКокиноКокиноТронот е централното место на светото место, од каде што се изведувале сите обредни функции, и од каде што се набљудувале астрономските феномени според кои тогашните жители ги координирале своите животи.
КокиноКокиноОна со што организаторот нѐ изненади на враќање од Кокино, беше посетата на уште еден фасцинантен локалитет наречен „Светиот даб“. Ова место е меѓународна нео-паганска атракција и е редовно посетувана од Друидите и ним слични групи, додека ретко кој Македонец има чуено за него. Се верува дека локалитетот изобилува со позитивна енергија. Моравме да отидеме малку подалеку за да го провериме ова тврдење, оти очигледно кај нас, намерниците кои доаѓаат на исклучителни локалитети, не можат да издржат без турбо-фолк музиката од нивните автомобили додека јадат скара.
Фоторепортажа: КумановоНо, прошетката низ малата шума се покажа како навистина пријатна. Доколку некогаш се почувствувате лошо, отидете таму и навистина ќе ве обземе некое чудно, позитивно чувство.
Фоторепортажа: КумановоФоторепортажа: КумановоФоторепортажа: КумановоВо Куманово решивме да се одмориме со по едно кафе, па затоа од таму немаме што да ви понудиме, освен ова импресивно паркирање на возачот на нашиот автобус, на местото договорено за собирање за патот кон Скопје.
Фоторепортажа: Куманово

- Реклама -