Фотографирање капки

водаОвие неверојатни фотографии се дело на Маркус Реугелс, 33 годишен уметник од Германија. Тој комбинирал вода, прехранбени бои и креативно осветлување за да ги создаде овие впечатливи фотографии.

водаТој додава прехрамбени бои во водата и филтри на блицовите за да создаде уникатна комбинација од бои.  Тој успеал да создава капки со различни и чудни облици преку менување на густината на водата. Маркус, со гордост открива дека неговите фотографии не се воопшто манипулирани, морал да користи сензор за да ги направи фотографиите бидејќи неговите прсти едноставно не се доволно брзи.
водаводаМаркус вели: „Водата може да создаде прекрасни облици, но без брза фотографија ние никогаш не би можеле да ги видиме. Облиците на капките се многу тешки за манипулирање. Основните облиици, како чадори или летечки дискови, се лесни но за создавање некои од другите облици е потребна напорна работа, издржливост и трпение. Исто така морате да ги анализирате резултатите и да тестирате нови работи. Најважно е да се забавувате – сè останато ќе си дојде само по себе.“
водаводаводаводаводавода

- Реклама -