Вашето бебе се уште не излегло од болницата, а веќе сите започнавте да го фотографирате. Меѓутоа, луѓето често не обрнуваат внимание на употребата на блицот за овој повод.
Кога е во прашање бебе, веројатно сте забележале како трепка кога е вклучен блицот на паратот. Иако знаеме дека не можете да одолеете, а да не го фотографирате тоа слатко суштество, морате барем да се воздржите од блицот, бидејќи бебињата не можат самите да се заштитат од блесокот на апаратот. Доколку не можете да го фотографирате без блиц, тогаш би требало да превземете мерки на заштита. Денеска за „Семејство“ пронајдовме неколку совети како да го заштитите вашето бебе од блицот и интензивното излагање на светлината од објективот.
1. Кога го фотографирате, оддалечете го апаратот најмалку метар од бебето.
2. Заштитете го од блицот, така што блесокот ќе го сведете на минимум.
3. Доколку имате можност исклучете го блицот или насочете го нешто друго, а не во лицето на бебето.
Доколку не сте ги превземале овие мерки не се грижете. Ризикот дека сте ги оштетиле очите на вашето најдраго е многу минимален. Уживајте и натојувајте покрај сите обврски кои што ги имате околу него, да ги забележите неговите први денови од животот, бидејќи подоцна заедно со задоволство ќе ги листате албумите.