Шетајки по интернетот и страниците посветени на фотографијата, налетав на едно од најдобрите портфолија што го имам видено. Се работи за фотограф кој фотографира претежно портрети, а самите фотографии зборуваат за квалитетот со кој го прави истото. Емоциите се доловени во секоја фотка и предизвикуваат јака врска со гледачот, а истата е успешно нагласена со специфичниот начин на обработка. Паметите што зборував дека треба да има во портрет за да биде успешен? Еве еден убав пример за истото. [Портфолиото на Николас Анри]