Според легендата Чудовиштето од Лох Нес првпат било видено во шестиот век од ирски монах кој проповедал крај езерото.
Сега еден шкотски морнар кој поминал 26 години од својот живот барајќи го суштеството вели дека најпосле успеал да направи фотографија од Неси. Џорџ Едвардс со својот брод “Nessie Hunter” речиси секој ден испловува на Лох Нес, често носејќи туристи кои сакаат да го видат суштеството.
Рано наутро минатиот ноември Едвардс се подготвувал да се врати назад на брегот по цело утро поминато во барање на стар парен мотор потонат во езерото кога забележал нешто. „Видов нешто и веднаш посегнав по мојата камера“ изјавил Едвардс. „Успеав да направам добра фотографија на едно од нив.“
Типичната „медиумска Неси“, како што ја нарекува Едвардс, е претставена со три грбки и долг врат како коњ, но Едвардс вели дека Неси најверојатно не изгледа така. Тој вели дека во неговата фотографија се гледа грбот на едно од суштествата. „Јас мислам дека најверојатно изгледа како ламантин но не е цицач.“
„Кога луѓето гледаат три грбки тие најверојатно гледаат три суштества.“ Иако многу луѓе мислат дека суштеството од Лох Нес е едно суштество, Едвардс е упорен дека тоа е невозможно. „Првпат било видено во 565 година. Ништо не може да живее толку долго. Најверојатно има неколку чудовишта, потомци на оригиналот.“ [Scottish sailor claims to have best picture yet of Loch Ness Monster]