Црно-белите фотографии ни приближно не ја отсликуваат моќта на Хитлер како овие, во боја. Хитлеровата, нацистичка партија била позната по користењето симболика во својата кампања. Сите ја препознаваме по огромните пароли и масата луѓе до недоглед. Истата е копирана многупати, речиси во сите подоцнежни тоталитарни режими. Иако сите знаеме колку била моќна хитлеровата кампања, кога ќе ја видиме низ фотографии во боја, како во проектот LIFE остава без здив.
LIFE копал по архивите по стари и невидени фотографии, и се надминал себе си со пронаоѓањето на фотографиите на личниот фотограф на Хитлер Хуго Јегер.
Целиот град завиткан во свастики е глетка која тешко се заборава. Но кога истата ќе ја видите во боја, сфаќате колку црвените банери не се вклопуваат во целиот пејзаж. Сето ова личи на огромен црвен бран коој го потопил секој ќош и секоја пукнатина на градот.
Тоа всушност и е ефектот кој Хитлер сакал да го постигне, дека Нацистичката партија е незапирлива сила која потопува сé пред себе. Единствена опција е да им се придружите.