Фотографии од њујоршкото метро од времето кога ти беше страв да припариш

Метрото во Њујорк, со сиот свој денешен криминал и сите свои чудаци, е само бледа копија од она што беше порано.

Во 1980-тите, во метро системот на Њујорк се апсеа по над 250 криминалци секоја недела, со што њујоршкото метро стана најопасниот систем за масовен транспорт во светот.

Во текот на една декада, јавниот превоз на Њујорк загуби над 300 милиони патници (што ќе му дојде речиси по една десетина од вкупното американско население годишно), главно поради својата репутација на жариште на криминалот и употребата и зависноста од дрога.

Повелете на фото-тура во времето кога њујоршкото метро беше како да се возиш во последна 57-ца во пикот на меѓуетничките тепачки, само многу позаебано.

- Реклама -