Мостар е културната престолнина на Босна и Херцеговина. Лежи на реката Неретва и е петтиот најголем град во земјата.
Мостар го добил името според чуварите кои во средновековни времиња го чувале Стари мост на Неретва, викани „мостари“.
Мостот е изграден од Отоманците во 16-от век, а се смета за еден од најизвонредните бисери на исламската архитектура на Балканот. Го изградил Мимар Хајрудин — ученик на прочуениот архитект Мимар Синан. Се смета дека Хајрудин е автор и на мостот Елен Скок во Реканскиот регион во западна Македонија.
Еве како изгледал градот и животот во градот во 1980-тите.