Фотографии кои што го променија светот?

omaira_pНекои од следниве фотографии можеби би навредиле или вознемириле
некого, меѓутоа тоа не ни е целта, напротив, сметаме дека тие се
провокативни и просветлувачки и зборуваат за минатото и грешките од кои
што можеме да учиме со цел да спречиме повторување на историјата.


Некои од следниве фотографии можеби би навредиле или вознемириле некого, меѓутоа тоа не ни е целта, напротив, сметаме дека тие се провокативни и просветлувачки и зборуваат за минатото и грешките од кои што можеме да учиме со цел да спречиме повторување на историјата.

Егзекуцијата на војникот од Националниот Фронт за Ослободување на Јужен Виетнам (1968)

Оваа фотографија на Еди Адамс е наградена со Пулицерова награда. На неа Nguyen Ngoc Loan, припадник на полицијата на Република Виетнам, стрела затвореник кој бил официр во редовите на Националниот Фронт за Ослободување на Јужен Виетнам. Оваа фотографија, како и многу други примери, успева да го сврти јавното мислење против војната во Виетнам.

eddieadams

Линчот на младите црнци (1930)

Ова е позната фотографија, направена во 1930, на која што двајца млади Афро-американци, обвинети за силување на „бела“ девојка и убиство на нејзиното момче, се обесени од толпа од 10.000 белци. Толпата насилно влегла во локалниот затвор и ги извлекла надвор обвинетите.

linch

Фотографија од Lawrence Beitler

Протестите во Совето (1976)

Ова е фотографија која го привлече светското внимание. Замрзнат момент од времето во кој 13 годишниот Хектор Петерсон им подлегнува на повредите откако претходно бил застрелан од полицијата.

soweto

Фотографија од Сем Нзима

Хазел Брајант (1957)

Четврта година откако сегрегацијата на учениците била отфрлена од Врховниот суд во САД немало некое особено подобрување во мултирасните односи. Оваа фотографија е неколеблив доказ за таквите случување. На неа Елизабет Екфорд се пробива низ група од „бели“ ученици кои што негодуваат поради ваквата одлука на пат до нејзиното училиште,  Little Rock’s Central High. Фотографијата го има добиено насловот според името на една од учесничките во настанот, а тоа е Хазел Брајант – девојката во позадина со широко отворена уста.

hazel

Фотографија од Вил Каунтс

Пожарот во фабриката на Triangle Shirtwaist Company (1911)

Редовна пракса на компанијата во тоа време било да ги држи заклучени вратите на фабриките за да се осигура дека некоја од имигрантките нема да го напушти работното место или пак да ги спречи евентуално да украдат нешто. Кога на 25 Март 1911 година избувнал пожар, во фабриката во Њу Јорк со заклучените врати била запечатена и судбината на жените што работеле внатре. Пожарот однел 146 жртви за само 30 минути. Сведоците на настанот во прв момент мислеле дека вработените се обидуваат да спасат дел од ткаенините што ги користеле во производството фрлајќи ги од прозорците, а подоцна им станало јасно дека тоа всушност се телата на вработените кои што скокале во обид да се спасат од пожарот. Оваа несреќа предизвикала бурни протести низ цела Америка за безбедноста на вработените на работните места.

pozarot

Phan Thị Kim Phúc (1972)

Ова е многу позната фотографија од војната во Виетнам. Малото девојче, идентификувано како Phan Thị Kim Phúc – родена 1963 година, со сериозни изгореници на грбот се обидува да се спаси од нападот со напалм од страна на американската војска.

pp

Фотографија од Huỳnh Công Út

Кент Стејт (1970)

Вестите дека Ричард Никсон испраќа трупи во Камбоџа предизвикале низа немири во американските колеџи. На Kent State колеџот немирите биле релативно бурни и била неопходна интервенција на Националната армија, но работите излегле од контрола кога војската почнала да пука по демонстрантите, па дури и по оние што мирно оделе на училиште. На фотографијата е 14 годишната Мери Ен Векио која што клечи над телото на Џефри Милер кој што претходно бил застрелан од Националната армија.

kent

Фотографија од Џон Пол Фило

Плоштадот Тианмен (1989)

Ова е веројатно најпознатата фотографија која ја имате видено. Тоа е фотографија од студент/човек кој што, револтиран од случувањата претходните денови, односно од бруталниот однос на кинеската армија врз студентите што протестирале, се обидува да ја запре колоната од тенкови со тоа што прво застанува пред неа, а потоа се качува на еден и удира по капакот и вика (веројатно обидувајќи се да ги натера возачите на тенкот да излезат надвор). Човекот успева да се спаси во ситуацијата затоа што група на луѓе притрчуваат и го одвлекуваат од тука, меѓутоа неговиот идентитет останува непознат и не е познато дали подоцна бил убиен, особено ако се знае дека кинеската влада има егзекутирано многу од учесниците во протестите.

tiamen

Фотографија од Џеф Виденер

Thích Quảng Đức (1963)

Thích Quảng Đức бил виетнамски будистички свештеник кој што се самозапалил на фреквентна раскрсница во Сајгон на 11 Јуни 1963. Причината за ваквиот вид на протест на свештеникот бил прогонот на Будистите од администрација на тогашниот претседател на Виетнам Ngô Đình Diệm. Фотографијата на Брауни е сведоштво за оваа случка која што подоцна била практикувана и од други.

thcin

Фотографија од Малком В. Брауни

Портрет на Винстон Черчил (1941)

Оваа е фотографија од Јусуф Карш, канадски фотограф, фотографирана за време на посетата на Черчил на Отава (Канада). Овој портрет му има донесено интернационална слава на Карш најмногу поради мислењето дека ова е најрепродуцираниот фотографиски портрет во историјата, а исто така се има појавено на насловна страна на LIFE магазинот.

winston


Фотографија од Јусув Карш


Алберт Ајнштајн (1951)

Алберт Ајнштајн е веројатно една од најпопуларните личности на сите времиња. Се сметало дека Ајнштајн е личност со многу неконвенционално однесување, а оваа фотогафија, направена на 14 Март 1951, го потврдува токму тоа.

alberta


Фотографија од Артур Сасе


Нагасаки (1945)

За прв пат за пошироката јавност ова беше многу прецизна потврда за огромното количество на енергија што се ослободува при експлозија на атомска бомба. Првата бомба, испуштена над Хирошима на 6 Август ибила 80.000, но бидејќи Јапонците не капитулирале по нејзиното испуштање, била фрлена и втора, онаа над Нагасаки, на 9 Август, која што имала уште повеќе запрепастувачки ефекти – убивајќи и повредувајќи околу 150000 луѓе. Дополнително, од ефектите од силниот ветер, екстремно високата температура и радијацијата, последици се почувствувале на голема површина и направиле огромни штети на подолг временски период.

nagasaki


Хирошима – три седмици по бомбата (1945)

Американците (и сите останати) имаа слушнато за бомбата што ја израмни Хирошима со земја, но што тоа значеше? Објавувањето на оваа фотографија направена од воздух беше одговорот на прашањето, а втората фотографија ја прикажува Хирошима по бомбардирањето снимена од земја.

hiroshima


Buchenwald (1945)

Фотографијата е направена во времето кога трупите на Џорџ Патон го ослободуваат концентрациониот логор Buchenwald. Патон, бесен од тоа што го видел, им наредил на своите луѓе да придружуваат германски цивили низ кампот за да ги запознае со злосторствата на нивната армија за време на војната. Познато е дека многу Германци кои што живееле во близина на концентрационите логори, сè до крајот на војната, воопшто не биле свесни што се случувало во нив.

buchen


Ана Франк (1941)

Шест милиони Евреи ги загубиле своите животи за време на Холокаустот. На многумина низ светот една тинејџерка им има дадено реална слика за овие случувања. Нејзиното име е Ана Франк, која што, според нејзиниот дневник, успеала да задржи надеж додека се криела во едно Амстердамско поткровје заедно со нејзиното семејство. Во 1944 година таа и нејзиното семејство биле уапсени од Нацистите. Ана и нејзината сестра умираат од тифус во кампот во Берген-Белсен само еден месец пред тој да биде ослободен. Светот ја има запознаено преку нејзините зборови и преку овој обичен портрет на 14 годишно девојче со нејасен израз на лицето кое што, со нејзините крупни очи, гледа во иднината која што гледачот знае дека никогаш нема да дојде.

anafrank


Жртви на војна (1991)

Слика од млад американски водник во моментот кога дознава дека во вреќата до него е телото на неговиот пријател убиен од „пријателски оган“.

zrtvi_na_vojnata

Честопати објавувана фотографија која што стана синоним за војната во Заливот во 1991 година –  војна во која што пристапот на информации на медиумите беше ограничен од Пентагон.


Човекот што паѓа (2001)

Моќна и контроверзна фотографија која што поттикна многу бурни реакции, особено во САД, веднаш по случувањата на 11 Септември. Таа била објавена само еднаш во многу американски весници, а поради острата осуда од јавноста и бројните протестни писма, нејзиното повторно објавување не се случило.

fallingman

Фотографот, Ричард Дру, за оваа фотографија има искоментрирано: „Ова е начинот на кој што таа влијаеше на животите на луѓето во тоа време и мислам дека затоа ова е важна фотографија. Јас не ја фотографирав смртта на овој човек, фотографирав дел од неговиот живот. Ова е тоа што тој одбрал да направи и мислам дека јас успеав да го зачувам тој момент“.


Фотографија од Ричард Дру


Американски маринци подигнуваат знаме на Иво Џима (1945)

Ова е историска фотографија направена на 23 Февруари 1945 од Џо Розентал. На фотографијата се гледаат четворица маринци и еден војнички болничар како го подигнуваат американското знаме на врвот Сурбаки за време на Битката за Иво Џима во Втората Светска војна.

iwojima

Оваа фотографија била екстремно популарна и е испечатена во илјадници публикации. Подоцна таа стана единствената фотографија за која што е доделена Пулицерова награда за фотографија, истата година кога е доделена и за издавачот во која што била објавена. Брзо е прогласена за една од најзначајните и најпрепознатливите фотографии од војната и веројатно е една од најрепродуцираните фотографии на сите времиња.


Фотографија од Џо Розентал

 


Ручек на врвот на облакодер (1932)

Ручек на врвот на облакодер (група на градежни работници во Њу Јорк кои што ручаат на греда на зграда) е позната фотографија направена од Чарлс Ц. Ебетс за време на градењето на GE Building во Rockefeller Center во 1932 година.

rucekna

На фотографијата има 11 работници што ручаат, седејќи на носач, додека нивните нозе висат стотици метри над земјата. Ебетс ја направил фотографијата на 29 Септември 1932, а била објавена во  New York Herald Tribune на 2 Октомври. Направена е на 69-от кат од зградата за време на последните месеци од изградбата на објектот.

odmorna

„Одмор на носач“ е фотографија од истиот фотограф на која што истите работници се одмораат на носачот.


Фотографии од Чарлс Ц. Ебетс


Мајката номад (1936)

За многумина оваа фотографија од Флоренс Овенс Томпсон (32) е симбол за Големата Депресија. Таа била мајка на 7 деца и се борела да преживее заедно со нејзините деца фаќајќи птици и собирајќи овошје. Доротеа Ланг ја има направено оваа фотографија откако Флоренс го продала својот шатор за да купи храна за нејзините деца. Фотографијата била објавена на насловната страна на многу весници и успеала да го смени мислењето на многумина за ваквите луѓе.

majkanomad


Фотографија од Доротеа Ланг


Омаира Санчез (1985)

Омаира Санчез е 13-годишна жртва на вулканот Nevado del Ruiz кој што еруптирал на 14 Ноември 1985 во Армеро, Колумбија, и однел околу 25.000 жртви. Таа била заробена 3 дена во вода, бетон и други рушевини пред да почине. Претходно екипите на Црвениот Крст повеќепати безуспешно се обидувале да добијат пумпа од колумбиската влада за да го спуштат нивото на водата и да го олеснат спасувањето на девојчето.

omaira


Фотографија од Франк Фурниер


Мршојадец посматра прегладнето дете (1993)

Ова е наградувана фотографија направена во Судан на 1 Март 1993. Фотографијата прикажува трогателна сцена на која што изгладнето дете колабирано на земјата се обидува да стигне до центарот за храна. Во позадина – мршојадец го следи слабото дете.

kevincarter

Картер, фотографот што ја има направено оваа фотографија, бил член на групата од 4 фотоновинари наречена „Bang Bang Club“ која што патувала низ Јужна Африка фотографирајќи ги ужасите за време на апартхејдот.

Прогонуван од ужасните сцени од Судан – Картер извршил самоубиство во 1994, брзо после добивањето на наградата за фотографијава.


Фотографија од Кевин Картер


Трагедија во Оклахома (1995)

Фотографијата е направена откако полицаец му го има предадено доенчето на пожарникарот на фотографијата по терористичките напади на 19 Април. Тој претходно успеал да ги извади своите ракавици, кои што се екстремно рапави, за да може на малото дете да му пружи онолку грижа колку што е можно. Пожарникарот го гледа доенчето со поглед што вели: „сè ќе биде во ред“, без да биде свесен дека тоа штотуку починало.

oklahoma


Фотографија од Крис Портер


Како започнува живот (1965)

Ленарт Нилсон во 1957 година започнал да прави фотографии со помош на ендоскоп, инструмент кој што овозможува гледање во шуплините во човековиот организам. Неколку години подоцна тој ја презентрирал својата работа на уредниците на LIFE магазинот, а тие, неверувајќи им на сопствените очи, барале сведоци да им потврдат дека тоа што го гледаат е вистина. Откако конечно биле разубедени објавиле статија на 16 страници која што станала вистинска сензација. Ваквите фотографии подоцна биле употребувани во најразлични пригоди, а особено, спротивно од намерите на Нилсон, ги користеле активистите за „право на живот“ како пропаганден материјал, аплицирајќи ги на постери и плакати.

zivototzapocnuva


Фотографија од Ленарт Нилсон


Прв лет (1903)

17 Декември 1903 е денот кога човештвото ги рашири своите крилја и се крена над земјата. На почетокот тоа траеше 12 секунди, а до крајот на денот речиси и минута. Орвил и Вилбур Рајт, двајца механичари за велосипеди од Охајо, се авијатички пионери и, иако првиот лет се случил доцна во историјта, понатамошниот технички напредок во оваа област е со експоненцијален раст.

prvlet


Фотографија на Џон Т. Даниелс
- Реклама -